Вести Македонија Најважни

Со активна лиценца, но без минимум технички услови – заклучок за три од 12-те објекти во кои вчера влезе инспекција

Последните инспекциии потврдија сериозни регулаторни прекршувања, изјави Марија Митева, портпаролка на владата, на денешната прес-конференција во однос на контролите на Државниот пазарен инспекторат.

„Доказите се јасни. Од вчера направената контрола на 12-те објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност. За останатите девет, сè уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации“, рече Митева.

Таа додаде дека до министерството за економија веднаш ќе биде испратено барање за забрана за вршење на дејност и сите казнени одредби кои што се возможни, согласно закон, ќе бидат преземени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе