Вести Македонија Најважни

Нови 48 часа притвор за 10-мина од осомничените за пожарот во Кочани

По барање на обвинителството, судот досега определи притвор на вкупно 18 лица опфатени со истражните активности за трагичниот пожар во Кочани, потврдија за Телма од судот во Кочани. За 16-те на кои вечерва им истекува краткотрајниот притвор, обвинителството, согласно законот за кривична постапка, баралo продолжување на притворот за нови 48 часа. Од судот во Кочани ни изјавија дека на десет лица веќе им е продолжен притворот, а останатите барања се разгледуваат и ќе биде однесена одлука.

Од судот не прецизираат дали меѓу оние кои добија продолжување се и екс министерот за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на пазарниот инспекторат Горан Трајковски, екс директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, и поранешната државна секретарка во економија.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека е уапсено лице кое всушност го „средило“ прокетот на кабарето Пулс за да ги помине чекорите до добивање на лиценца за тој вид угостителска работа.

При истрагата полицијата открила дека сопственикот и дел од вработените на агенцијата за обезбедување ангажирана од кабарето Пулс имале претходни незаконити дејствија кои се истражуваат.

Од вчера полицијата во источниот дел на државата има ново раководство откако министерот разреши и замени 7 началници во СВР Штип и во кочанската полиција. Тошковски наведе дека смената не е индиција за вина туку да се избегне влијание и притисоци во истражните процеси.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе