Студентите кои ги блокираат факултетите во Белград, денеска со молк пред Амбасадата на Македонија во Србија што траеше 74 минути, оддадоа почит за 15-мината загинати во падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, но и за 59-те загинати во дискотеката во Кочани.
Студентите положија цвеќе и палеа свеќи пред македонската амбасада во Белград. Кон нив се придружија и граѓани кои, исто така, оставија цвеќе и палеа свеќи.
Македонските дипломати, како што пренесуваат српските медиуми, излегоа да ги поздрават насобраните студенти и граѓани. Пред амбасадата е истакнат транспарент – „ Не бевме сами, бидејќи оние кои сакаат секогаш се многу повеќе“.