Uncategorized Вести Свет Топ вести

Вучиќ ги посети пациентите од Кочани во Белград

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица. Тој нагласи дека во Србија имаат најдобри болнички услови во Европа.

„Невозможно е да се најдат подобри услуги во Европа. Никаде во Европа нема интензивна нега со подобри услови од овде во Белград. Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Кочани, Северна Македонија. Девет од нив лежат овде во Клиничкиот центар. Прво посетив двајца, а потоа заедно посетивме седум. Последното лице што го посетивме е во животна опасност, а другите не се. Степенот на изгореници е од четири проценти“, рече тој.

Вучиќ додаде дека кај неколку пациенти најголем проблем претставуваат повредите на респираторниот систем.

„Кај нас ќе дојдат уште 12 пациенти, ги имаме на ВМА, ги имаме во Клиничкиот центар во Ниш. Ќе дојдат уште 12 пациенти и како што сега стојат работите, вкупно 29 пациенти ќе бидат во Србија“, рече Вучиќ.

Тој порача дека Србија секогаш ќе стои покрај братскиот македонски народ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе