Вести Економија Најважни

Владата повторно ќе се задолжи – со европска држава се преговара за нов заем од 500 милиони евра

Државата повторно ќе се задолжува. Се преговара за нов заем од половина милијарда евра. Од каде ќе се земат овие пари,  дали повторно од Унгарија или пак од некоја друга држава, премиерот Мицкоски не сакаше да открие. Кусо одговори дека станува збор за европска земја, а од средствата повторно бенефит ќе имале општините,  за кои  изминатиот период се обезбедија  милиони.

Набргу од денеска финализираме ќе ги финализираме преговорите за од прилика  половина  милијарда евра. За сега ќе го задржам името на државата, но станува збор за европска земја. Пари кои што ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта што повторно ќе значи бенефит за општините. Општина со општина ќе се поврзуваат со локални со регионални патишта, вели премиерот Христијан Мицкоски

Минатата година државата зема заем од 1 милијарда евра од унгарската влада со камата од 3, 25 отсто. Со 500 милиони евра се врати еврообврзница, земена уште во 2017 година. Долгот се исчисти на крајот на јануари.

Останатите 500 тини милиони евра се поделија. – 250 милиони отидоа кај Општините за капитални инвестиции, а останатите 250 милиони евра му се дадоа на располагање на стопанството. Но, околу овие пари за  бизнисот со месеци се водеа преговори со банките за тоа по која камата ќе им ги даваат парите на фирмите.

На крајот падна договор кон банките да плаќаат камата од 1, 95 отсто, а кредитот за бизнисот кон Унгарија со камата од 3, 25 отсто да се враќа од буџетот, кој го полнат и граѓаните.  Парите можат да ги користат за производство,  опрема, но и за изградба на трговски центри, а можат да се инвестираат и во фотоволтаици.

За општините освен овие 250 милиони евра, се обезбедија средства и од буџетот со ребалансот. Сега, останува да се види колку од овие милиони  кои им се оставија на располагање на Општините,  но и на компаниите ќе се искористат.

Општините со години имаат проблеми со менаџирањето на средствата.

Многу често познавачите на овој проблем зборуваа дека најголем дел од нивните буџети одат за плати, а општини со различна големина имаат и ист број на вработени. Дел од нив постојано се и на  листата на должници од Министерството за финансии.  Премиерот Мицкоски пак тврди дека најголем дел од нив се стабилизирани.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе