Во Белград денеска ќе се одржи студентски протест, а највисоките државни функционери апелираа собирот да се одвива мирно и без инциденти.
Поставена е ограда околу зградата на Народното собрание каде што треба да се одржи протестот.
Сообраќајот во моментов се одвива непречено, а во Белград е мирно.
View this post on Instagram
Синоќа, по неколкудневно пешачење од другите градови, студентите и активистите пристигнаа во Белград за да учествуваат на протестот. Граѓаните на Белград и студентите од главниот град им организираа пречек и добредојде на Теразије. На булеварот каде пристигнуваа симболично беше поставен црвен тепих, извести Телма од Белград каде е нашата новинарска екипа составена од Огнен Чанчаревиќ и Зоран Трајковски.
Беа пречекани од белградски студенти и граѓани, скандирајќи и свирежи, вувузели и удирање на тапани.
Низ Теразије поминаа и група моторџии, велосипедисти како и земјоделци со трактори како подршка на студентските протести.
Потоа на Теразије се одржа масовен собир, а присутните останаа до после полноќ.
Студентите пеш пристигнаа во главниот град од Нови Сад, Суботица, Крагуевац, Ниш, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Ваљево и Лозница.
На студентите кои пристигнаа во српската престолнина обезбедено им е сместување во зградите на факултетите, како и во некои средни училишта.
Почетокот на протестите е закажан за денеска во 16 часот. Студентските колони ќе тргнат од повеќе локации кон српскиот Парламент.
Од сите страни пристигнуваат апели за мирни протести без насилства.
ТВ Телма со своја новинарска екипа известува од Белград.
Илјадници граѓани ги дочекаа и се придружија на српските студенти – Телма на протестите во Белград