Црвена линија

Црвена линија с5. е115 денеска во 16:15 (13 март ’25)

Денеска е Светски ден на бубрегот – совршен момент да се потсетиме дека во Македонија, трансплантациите се стопирани, а пациентите на дијализа си ја продолжуваат борбата… со трпение. Над 1.650 луѓе зависат од машини за да преживеат, 160 чекаат трансплантација, но годинава – ниту една пресадена надеж. Причина? Урологија се реновира. За одржување на системот нема средства, но за реновирање секогаш се наоѓаат.
Со години зборуваме за подобар трансплантациски систем?
Зошто сме на европското дно по донации на органи?
И дали пациентите се жртви на нефункционалноста на здравството?
Пациентите чекаат нов бубрег, системот – нов малтер.
Операциите ќе продолжат кога ќе заврши реновирањето.
Прашањето е – кој ќе дочека?
Анкета: Дали би донирале бубрег? Да/Не

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црвена линија с5. е137 денеска во 16:15 (25 април ’25)

Дејан Дејан

Црвена линија с5. е137 денеска во 16:15 (24 април ’25)

Дејан Дејан

Црвена линија с5. е136 денеска во 16:15 (23 април ’25)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе