Вести Македонија Најважни

Женски бојкот – За слобода и автономија од силеџискиот систем

Доста беше за симболични гестови и излитени фрази, сведоци сме на системско силеџиство што ни ги окупира животите и токму затоа, не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија порачаа на денешниот марш група граѓански организации и активисти по повод Денот на жената 8 Март .

Повеќе нема да ги молиме полицијата и обвинителството да постапуваат навремено, туку будно повикуваме на вистинска заштита и поддршка за жртвите на родово базирано насилство и ќе продолжиме да се бориме за правда за сите жени кои го загубија животот поради системска негрижа и фемициди. Сакаме здравство кое лечи, а не убива. Нема да преговараме дали ќе има лекови за пациентите на Онкологија и нема да дозволиме родилки да умираат или некој да ги касапи нашите тела, а потоа да не одговара пред правдата, порача Андреа Угриноска од Tiiiit!Inc

Вклученост на жените во урбанистичкото планирање, крај на експлоатацијата и работната дискриминација на работничките во текстилната, преработувачката, земјоделската и културната индустрија кои заслужуваат безбедни работни услови, праведен надомест, право на боледување и породилно отсуство. Родово сензитивно известување во медиумите, но и заштита на новинарките.

Феминистичкиот дискурс е во пирејот, во тревата што ја газат, но не можат да ја уништат. Во Велика која и без Јон го носеше семејството на грб. Голема, силна, неподвижна пред неволјите. Како што ние денес стоиме, не како сенки туку како живи сведоштава на отпорот.  Феминизмот не е увезен концепт, тоа е нашата традиција, изјави Ева Мицеска од Хера млади.

Денешниот женски марш во организација на Платформата за родова еднаквост започна пред Универзална сала со оддавање почит на жртвите на овој систем, продолжи до Владата и заврши во паркот „Жена борец“ со пораки до јавноста и институциите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе