Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Од предизвици до успеси, со упорност и борбеност против стереотипи – гласови на жените Ромки

Соочувањето со стереотипите уште како девојче, но и периодот кога станав млада мајка и сопруга, мојата борбеност се одлучувачки за она што сум денес, вели Неџмие Саитова, професорка по ромски и турски јазик. Жените Ромки треба да бидат свесни дека никогаш не е доцна да се вклучат во образовниот систем, додава таа, без оглед на нивните семејни околности.

„Како дете Ромка, секогаш бевме тргнати настрана во процесот на образование, но кај мене секогаш го имаше чувството дека јас можам и не може некој така да ме тргне настрана. Ја дигав раката „Може ли јас да учествувам ?“ – Нормално, ме преземаа во таа, да ја наречам, група, со очекување „пуштете да видиме дали ќе може или не“, но секогаш на крајот на краиштата јас успевав и на крај добивав громогласен аплауз“, изјави Неџмие Саитова. 

Дури и кога го спремав дипломскиот труд, мојата професорката не ми дозволуваше да одам на консултации, затоа што многупати доцнев, но кога дојдов со моето бебе на консултации, таа ја виде причината и сосема ме разбра. Друг начин немав, вели Саитова. За Мерсиха Усеин, пак, проектен службеник во Советот на Европа, свеста дека со образование и економска независност ќе ја постигнам мојата животна цел, беа клучни за она што сум денес.

„Можам слободно да кажам дека јас сум и првата жена Ромка која што беше генерален секретар на политичка партија. Тоа беше дополнителен предизвик за да им докажете на машкиот свет, не само на ромскиот или неромскиот, дека вие можете да се водите паралелно со сите обврски и надлежности кои ви се наметнати, согласно работната позиција која во моментот ја одржувате. Имам претходно искуство во Секретаријатот за европски прашања 12 години, почнав од копирање, архивирање“, рече Мерсиха Усеин.

„Од нас самите почнува се. Доколку стереотипите се урнат во нашите размислувања, пред сè, потоа во нашите домови, во нашето општество и соседство, ќе нема предубедувања кои водат кон предрасуди, а потоа и до дискриминација“, изјава Весна Ивановиќ Кастаред, раководителка на Канцеларијата UN Women во Северна Македонија.

Во своето обраќање пред присутните. министерот Салиу забележа дека жените Ромки се активни во сите сфери во општеството, во културата, бизнисот, политиката, граѓанскиот сектор. Нивната истрајност и придонес се непроценливи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе