Вести Култура

Зошто се спроведува конкурс за директор на Филхармонија, ако одлуката може да е политичка, прашаа вработените на денешниот протест

Зошто се спроведува конкурс за директор на Македонската филхармонија, ако одлуката може да биде политичка? Ова прашање од пред Министерството за култура и туризам, јавно му го поставија на министерот Љутков, вработените од Филхармонија, повикувајќи се на негова изјава за еден медиум. На вториот протест, од  Синдикатот на Филхармонија, пред министерството оставија траспаренти, свиреа со свирчиња и повторно ја пуштија на звучници кантата „ Кармина Бурана“, како и на 21 февруари. И го повикаа министерот да им одговори:

  • Зошто се ставаат во нерамноправна позиција останатите кандидати? Како може одлуката да биде политичка, кога вработувањата не смее да бидат предмет на договор меѓу политичките структури. Дали Љутков со оваа изјава и официјално потврдува дека департизацијата и мерит системот беа само декларативна, предизборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ, рече Владимир Лазаревски, претседател на Синдикалната организација на Македонската филхармонија.

Протестот  на вработените во Филхармонија е мотивиран од изјавата на првиот вицепремиер Меџити, дека со распределбата на функциите меѓу ВМРО- ДПМНЕ и ВЛЕН, со институцијата ќе раководи професорот по соло пеење од Средното музичко училиште, Мустафа Имери. Сомнежот дека конкурсот за избор на директор на Филхармонија е наместен, кај вработените го подгеала информацијата дека комисијата при Министерството за култура, што го врши изборот, на веќе затворен конкурс, побарала дополнителни документи од  Имери, а како алиби за него и од останатите тројца, од вкупно 5 кандидати.

  • Имаме информација дека Мустафа Имери не доставил комплетна документација , иако во конкурсот јасно е назначено дека некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат, кажа Лазаревски од Синдикатот на Филхармонија.

На тој начин се крши Законот за култура и условите на конкурсот, дополни Лазаревски. Тој го повика и премиерот Мицкоски да остане доследен на изјавата дека додека тој е претседател на владата, ќе се вработуваат компетентни кадри, дека ќе се почитува системот на заслуги и дека законите ќе важат еднакво за сите во државата.

Од Министерството за култура и туризам ги отфрлаат тврдењата од денешниот протест. Велат, со цел да се појаснат, се побарале дополнителни документи од кандидатите за директор на Филхармонија, како и во минатото, согласно Законот за општа и управна постапка, и дека изборот на директор ќе биде законски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе