Вести Економија Топ вести

Трендафилов: Нападот на кошничката е напад на работничките плати

Во кошничката во зимските месеци пресметани се 10 грама цреши кои чинат околу 22 денари и тоа е заради статистиката. По забелешките од премиерот Мицкоски дека е потребна промена на пресметката на месечната кошничка затоа што има чудни работи во нејзе, претседателот на ССМ Трендафилов вели дека сезонското овошје влегува во кошничката и цените се анализираат во периодот кога тоа најмногу се купува, а цигарите воопшто не се пресметуваат.

Количината која е ставена во кошничката е да можеме да си овозможиме, не по 2,7 килограми цреши да си овозможиме секој месец туку да купиме 2,7 килограми вкупно во целата година, односно во сезоната во која тие и се продаваат и повторно ќе кажам веројатно многу лоши советници, многу лоши експерти или како да кажам го советуваат претседателот на владата и министрите во поглед на кошничката, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов

Смета дека нападот на синдикалната минимална кошничка е напад на работничките плати.

-Дали доколку кошничката ја нема како таква и не ја пресметуваме ќе се живее подобро, не, додава Трендафилов

Вчера, премиерот Мицкоски кажа дека некој производи во минималната кошничка се чудни и  дека дел од тие производи како цреши, диња лубеница тој не пробал во јануари. Смета и дека треба да има промени во пресметката.

-Јас во месец јануари простете цигари не пушам не испив лименка  нескафе од 250 грама не изедов ниту една цреша не знам како изгледаат праска и кајсии ниту пак диња и лубеница ниту пак грозје. Така што тука сметам дека треба да има интервенции, вели премиерот Христијан Мицкоски

Во синдикалната минимална кошничка влегуваат 63 производи. Во онаа на државниот завод за статистика која ја објавува еднаш годишно има 210 производи. Во двете има сезонско овошје.

Владата и бизнисот сега бараат во пресметката на кошничката да учествуваат и други институции, како министерство за економија, финансии, државен завод за статистика, организација на потрошувачи. Дел од експертите велат дека ако се планира едно тело да ја крои оваа кошничка во анализата не треба да учествуваат министерства доволни се само синдикатите и статистичарите.

Проблемите со цените траат веќе подолго време поради што граѓаните одлучија да ги бојкотираат маркетите со што нивниот промет се намали за речиси 50 отсто. Нов бојкот  е најавен за во петок.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе