Вести Економија Топ вести

Договор за мнинималецот нема, а на ССМ им замериле зошто во кошничката влегувале црешите, газиран и негазиран сок

Нема договор за минималната платам. За потрошувачката кошничка oд Владата и бизнисот сметаат дека треба да ја пресметува посебно тело. Од ССМ кој пак повеќе од 10 години анализираат колку пари му се потреби на едно четиричлено семејство во месецот, на ова гледаат како на обид да се замолчи синдикатот и да се направи пресметка која ќе покаже дека нема потреба да растат платите.

Велат дека ги  критикувале затоа што во кошничката покрај другите работи се пресметуваат и  25 грама цреши, газиран и негазиран сок.

Најверојатно ќе се трудат да го замолчат ССМ. Ако грешката е во тоа што во кошничката има ставено сезонски овошја еден газиран сок и еден густи сок за нашите деца, ако грешката во кошничката е во тоа да можат да јадат четири хамбургери а нашите деца во текот на месецот или пак ако јадат децата ние само ќе гледаме тогаш можат слободно да направат нова методологија  и нова пресметка, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Од бизнисот велат дека предлогот е во пресметката на кошничката освен ССМ, да учествуваат од Mинистерството за економија , финансии, ОРМ, потрошувачи, од Dржавниот завод за статистика кој пак во 2010 година се откажаа од пресметката на оваа кошничка и од тогаш тоа го прави синдикатот.

Сметаме дека тоа се веќе политички одлуки и елементи кои ги користaт синдикатите за свои придобивки. Тоа е метод за вршење на притисок, ниту се први ниту единствени во регионот кои го прават тоа, вели Владанка Трајковска, претседател на Организацијата на работодавачи. 

На состанокот се разговарало и за зголемувањето на минималната плата. Од бизнисот велат дека договор нема. Ќе го почитувале законското зголемување кое треба да се случи во март, но со кое сумата нема да дојде до 450 евра.

Од ССМ тврдат дека преговорите продолжуваат. Месецов ќе има уште еден состанок. Предлогот е одреден период работодавачите да не ги плаќаат повисоките придонеси или половина од износот да покрие владата.

Беа против ваквата одлука и ние ќе го почитуваме законот како ќе одлучат државните институции и покрај тоа што топката беше префрлена кај синдикатите и работодавачите. Така што  на следната седница на која ќе се одлучува за минималната плата ќе биде одлучено законски, додава Трајковска 

Ќе оствариме средби и со стопанските комори,  иако не ги обожаваме толку многу. Ако тие сакаат да ги зачуваат висококвалификуваните  работниците ќе мора добро да ги платат, додава Трендафилов.  

Со последните пресметки на ССМ кошничката за една година е зголемена за околу 6.000 денари ,а минимална плата од 450 евра бараат уште пред изборите кои се одржаа лани.

Но, како што истакнаа од ССМ на денешниот состанок во Владата се обидувале да им укажат дека ако порасне минималната плата ќе треба да се поместат и другите плати.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе