Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Да се затворат и таткото на возачот и судијката што не му определила затвор- сестрата на загинатата Фросина Кулакова бара одговорност

Росица Кулакова, сестрата на Фросина, која беше усмртена од возачот Васил Јованов на пешачки премин, побара да се затворат таткото на возачот и судијката Даниела Алексовска-Стојаноска која во постапката за дрогата му одредила воспитна мерка, наместо затвор. Таа смета дека тие не можат да извршуваат државни функции.

-Општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се најчистиот одраз на своите родители. Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето на држвните фунцкии не смее да се сведе само на формални образовни критериуми, јавните функции мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кој својот карактер го покажале и во својот живот како граѓани, родители. Оној што не успеал да го воспита сопствениот наследник, да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Ваквите лица не смеат да добијат јавна функција туку да одговараат за сопственото делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници. Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели, наведе Росица Кулакова.

Сестрата на загинатата бара правда, но и одоворност за трагедијата која го погоди семејството Кулакови, но и целата јавност.

-Ние за Фросина бараме правда не само од убиецот, бараме правда и од таткото, бараме да одговара таткото, да се затвори таткото, Зоран Јованов и судијката, Даниела Алексовска-Стојаноска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство кон семејството, туку се кријат и бришат профили, сподели Росица.

На крајот на своето обраќање, сестрата на Фросина Кулакова посака никој да не поминува низ она што го минува таа и семејството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе