Вести Економија Топ вести

Ќе успеат ли работодавачите да ги убедат работниците да дојдат на работа во недела?

Недела е неработен ден за повеќе од 500 илјади работници и така треба да остане. Синдикатите се против да се прават било какви измени кај ова работничко право, кое е обезбедено од страна на ССМ по пат на протести и штрајкови.

Во демократските држави каде претендира да биде вклучена и нашата држава, недела е неработен ден, веќе има тренд да се скратува работната недела на 35 часа и сабота е исто така неработен ден. Нагласуваме дека недела неработен ден врати малку од работничкото достоинство и затоа работникот во недела одмoра, велат за Телма од Сојузот на синдикати на Македонија 

Од бизнисот секторот пак велат дека недела како неработен ден не бараат да се укине, туку да им се дозволи на одредени дејности тогаш да можат да работат затоа што имаат потреба од тоа.

Постојат дејности на кои деновите за викенд им се важни за остварување на одредени приходи, а за разлика до тоа одредени денови во текот на неделата и не му се толку значајни. Затоа сметам дека треба да има  одредено разгледување и ако постојат такви дејности а постојат, мислам дека дејностите кои се врзани со прослави им значи овој ден. Треба да се разгледа уште еднаш и доколку треба,  а веројатно дека треба да има промени и тоа сметам дека нема да има штета, вели за Телма претседателот на ССК, Трајан Ангелоски.

На брифингот во Министерството за  економија и труд пред неколку дена беше истакнато дека се бара одредени дејности, како повеќе занаети, фризери, шминкери, козметичари, сите маркети, производство,  да можат да работат. Но, прашањето останува отворено. На средината на месецов ќе има нов состанок со работодавачите и синдикатите и ќе се бара решение.

Пред празниците  од собраниската говорница и премиерот Мицкоски кажа дека се размислува за измени во законот за недела неработен ден. Лично тој смета дека ако се постигне договор со работодавецот и ако се плати повисока дневница да им се овозможи на тие луѓе да работата во недела.

Законот за недела неработен ден стапи на сила на 1 јануари 2022 година. Најголемата комора во земјава, Стопанска комора  покрена и иницијатива до Уставниот суд за овој закон, по што судиите решија недела да остане неработен ден.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе