Од ноќеска најголемиот производител на струја РЕК Битола повторно работи со два блока, откако вчера рано утринава комбинатото беше целосно надвор од мрежа. Од ЕСМ соопштија дека поради надворешни влијанија настанал проблем со блоковите, но за што точно станувало збор се уште се утврдува.
Потребните количини струја во текот на вчерашниот ден се надополнувале од хидрото. Другите централи Осломеј и ТЕЦ Неготино за сега не работат.
Планот на раководството е во текот на зимата да се функцинира со два блока во РЕК, а кога ќе може да се вклучи и уште едне блок. Но, во овие месеци кога температурите паѓаат често се случува РЕК Битола да има проблеми, а блоковите да испаѓаат од мрежа.
ЕСМ потребите ги покрива и со набавки на струја. За овој месец потрошени се до сега 20 милиони евра, приближно колку што се и загибите на компанијата.
