Вести Македонија Топ вести

Прашањето „зошто сега?“ за Сиљановска е чудно и треба да биде „Зошто не тогаш, а сега?“

Прашањето „зошто сега?“ е чудно и треба да биде „зошто не тогаш, а сега?“. Ова е коментарот на претседателката Сиљановска-Давкова на притисоците од ДУИ врз Уставниот суд. Вчерашната одлука да се одржи подготвителна расправа пред конечната одлука за Законот за употреба на јазиците, за неа е очекувана и позитивна. Како правник, вели дека јавните расправи се и повеќе од потребни и корисни. Ја осуди постапката на судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари кои ја бојкотираа седницата, како и однесувањето на ДУИ.

Сиљановска потсети на ветувањето од тогашниот претседател на Комисијата за европски прашања, Артан Груби дека штом ќе стигне мислењето од Венецијанската комисија за законот, забелешките ќе бидат внесени во законот, но од тогаш поминаа пет години и ништо не се случи.

Од ДУИ, пак, денеска бараат оставка на претседателот на судот, Дарко Костадиновски кој на неформално прашање од новинар, зошто таблата на судот не е двојазична, вели дека и тоа е резултат на лошиот и непрецизно направен закон. Законот, вели Костадиновски, мора да прецизира каде и како точно ќе се употребува албанскиот јазик, а по неговото правно толкување, Уставниот суд не е опфатен со тој закон.

Ова од ДУИ е протолкувано и цитирано како „знае дека законот е во сила, но не му се допаѓа законот“ и затоа треба да си поднесе оставка.

Од Коалицијата „Вреди“ им порачаа дека оставки треба да си бараат во своите редови.

Подготвителната седница на која треба да се чујат експертските мислења за Законот за употреба на јазиците треба да се одржи на почетокот на март. Дотогаш и Венецијанската комисија повторно треба да даде пријателски совет за спорните правни прашања.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Ќе успее ли Жељасков да стане премиер – Радев денеска ќе му врачи мандат за формирање на влада

Дејан Дејан

Исклучена струја во шест региони во Украина – Русија претпладнево изведува масовни удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе