Бурџ Калифа, фонтаната во Дубаи и хотелот со седум звезди Бурџ Ал Араб, Дубаи молот, палмата се само дел од најпопуларните места во градот на високите згради, високите цени и луксузот. Дубаи е најбрзо растечкиот град по пандемијата а според официјалните податоци БДП на емиратот во вториот квартал од 2024 година пораснал за 3,3%. Планирано е БДП то од година во година да достигне 116 милијарди дирхеми или околу 30 милјарди евра . Растот се должи на порастот на транспортот информациско комуникацискиот сектор и секторот за сместување и услуги пишува во официјалните податоци од државните власти .
Ова е лицетпо на Дубаи. Милиони луѓе доѓааат како туристи, за забава, за разгледување, за трошење. Бизнисмени, банкари, крипто милионери. Олеснувањето на визниот режим за богатите, купувањето недвижен имот во кеш, заштитата на нарко босови и други барани лица од Интерпол, можноста да купуваат изнајмуваат продаваат недвижности и секако да трошат пари, многу пари, ги привлекува да доаѓаат во Емиратот. По војната во Украина, Дубаи е место и за вложување на руски пари, а секој кој сака своите пари да ги изнесе од земјата една од најдобрите места да го стори тоа е токму Дубаи. Па на листата сопственици на фондови, компании и недвижнини ќе се најдат не само познати криминалци, туку и поранешни и актуелни политичари и бизнисмени привлечени од ниските даноци, големите пазари но и безбедноста, која со парите си ја гарантираат овде . Македонските се само една капка во морето, во градот на персискиот залив, дом на речиси 4 милиони жители, а проценките се дека до 2040 ќе станат 5,8 милиони.
Еден од тие жители е и Шеваљ Муареми, македонски граѓанин со македонски пасош но со лична карта и адреса на живеење во Дубаи. За себе вели дека не е прв пат да доаѓа овде туку од 2007, па натаму често го посетувал градот на луксузот, а од 2017 поинтезивно. Првата лична карта ја извадил во 2021 година , важела две години а сега има нова која ќе му важи до 2025. Потоа очекува десет годишна. Не сакаше да зборува во камерата на КОД, но, сакаше да ја раскаже неговата страна на приказната, како се нашол во Дубаи и каде бил претходно. Дозволи само фотографирање во луксузен ресторан, каде често престојува. Тој се бара со потерница од 4 март годинава. На крајот на февруари, еден месец по акцијата која имаше намера да ја уапси и разбие таканаречената група Грчец/Дуќанџик. Муареми е осомничен за водач на оваа група, според податоците на МВР, инволвирана во недозволена трговија на дрога, а се товарат и за убиства. Се бара по распишана меѓународна потерница од Обвинителството.
Во јули е покренато обвинение, но, не за Муареми туку за 5мина од групата кои беа уапсени за време на акцијата. Муареми и уште седуммина се бараат.
,,Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија“, стои во обвинението.
Наспроти обвинителството Муареми тврди дека 6 месеци пред да биде баран со потерница тој веќе бил надвор од Македонија.
,,Дојдов 6 месеци пред да биде распишана потерницата . Во Дубаи имав намера да живеам“. Го прашав од што живее овде и дали има имот но тој тврди дека нема ништо на негово име, живее во вила со пријател од Албанија. Но, неговата работа барем на хартија е далеку од она за што го гони обвинителството за трговија со дрога и нарачани убиства. Работи во фирма за компјутери вели тој.
Но, што повеќе го натерало да остане во Дубаи, да не биде мета на спротиставените групи или барањето за екстрадиција издадено од Министерот Лога во март годинава.
,,Лога дојде само да се слика овде. Да имаше јаки докази ќе ме затвореа. Но овде се бараат цврсти докази за некој да биде испорачан .Властите на Дубаи ме побараа само еднаш кога на мојот автомобил во големите дождови паднаа регистарскиуте таблички. Но јас сум овде слободен слободно шетам и живеам“, вели за КОД Муареми.
Постапката за екстрадиција од оваа земја од Обединетите Арапски Емирати е иста како сите други постапки за екстрадиција со една единствена разлика. Барањата за екстрадиција се упатуваат преку МНР. Ова не е случај само со Дубаи.
„Со нив немаме билатерален договор и не се членки на Конвенциите на Обединетите нации кои покриваат широк спектар на дела, како што се транснационален и организиран криминал, корупција, недозволена трговија со дрога, трговија со оружје, луѓе“, соопштија тогаш од Министерството за Правда.
Еден ден пред мојата средба со Шеваљ Муареми во Дубаи, Министерот Тошковски за Телма изјави дека меѓу другото во Абу Даби потпишал и договор за соработка меѓу двете Министерства за внатрешни работи, соработка на нашето биро за безбедност со полицијата која функционира во Обединетите Арапски Емирати во насока на подобрување и размена на податоци особено насочена во делот на транснационалниот криминал, организиран криминал борба против тероризам, нелегална трговија. Но, за екрадицијата на наши државјани од Емирати во Македонија рече дека тоа е сепак работа на друг ресор не на МВР.
Заминување на Шеваљ од Македонија е непосредно по убиството на еден од неговите блиски луѓе Орхан Бајрами Оки на Халкидики во јули лани. Истата година во март Шиша бар е убиен уште еден негов пријател, Јетон Кривањева Жила заедно со Енес Ибраимов Љаци.
,, Немам ништо со овие убиства на Оки и Жила. Жила ми беше пријател сме се дружеле“, вели Муареми во интервјуто за КОД.
Според претходните пишувања на КОД осомничениот за убиството на Жила И Љаци, чаирчанецот Блерим Даци беше ставен во домашен притвор за друго кривично дело. Додека судот одлучуваше дали да го стави во притвор, тој избега во Косово. Неговото безживотно тело беше најдено во автомобил во Приштина во јуни. Даци наводно бил член на релативно поновата и помала скопска криминална банда позната како Барон која се здружила со кланот Беланоца од Ченто и Арачиново кои се ривалите на групата Грчец /Дуќанџик.
Сега им се суди на 5мина кои беа уапсени од полицијата на почетокот на годинава. За нив Муареми тврди дека никој не е од Грчец. Меѓу оние кои се бараат со потерница е и Реџеп Сехратлиќ наречен Репки кој е во Шпанија. Тој е второ осомничен како дел од групата. Слободен е иако се тврдеше дека е во притвор во Шпанија но за друго кривично дело. Во разговорот со него ми кажа дека не е во притвор, ниту затвор а во моментот кога разговаравме возеше низ Каталонија.
,,Зборуваа за Репки дека е во затвор ама гледате дека не е. Ако е јако дело,како е во Шпанија на слобода“, прашува Шеваљ.
Во Обвинението Шеваљ Муареми е осомничен и за нарачка на убиство на лице кое имало сомнеж дека било инволвирано во престрелката во Александар Палас и кога цел на нападот бил неговиот пријател Жила. Но, тогаш Жила спасил глава бидејќи бил во друштво на полицаец.
Муареми тврди дека нема никакви докази за негова инвлвираност, ниту во ова ниту во другите убиства кои му се ставаат на товар како убиството на албански државјанин чие тело беше пронајдено на Матка среде корона пандемијата.
Шеваљ тврди дека има алиби со кои докажува дека не е поврзан со ова убиство.
„Во тоа време 2020 во трети месец сум поминал на граничен премин Крива Паланка потоа одам за Софија а на 4 март одам за Мадрид . Следниот ден отидов во Бразил и таму останав за време на короната. Како сум го убил јас кога не сум бил во Македонија. Судот ги бара овие наводи за да ја утврди вистинат“, тврди Муаеми . Код веќе пишуваше дека тој бил во Јужна Америка за што имаше објавено и снимки од неговиот престој таму.
Токму за овој период според Обвинението Муареми е осомничен дека од Бразил договарал пратки 435 килограми кокаин до Белгија а 106 килограми од Перу до Ротердам. Ова го изјави тогашниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Но, сите овие сознанија македонската полиција ги добила преку податоците од апликацијата за инкриптирана комуникација Скај која според откритието на белкиските власти ја користеле нарко дилерите низ светот. Спасовски тогаш за прв пат ги даде иницијатлите Ш. М. во јавноста и кажа дека криминалната група е осована од него. Но Муареми тврди поинаку. Тој одрекува било каква одговоеност за убиствата , но, и за наводите на Спасовски дека организирал пратки со дрога. Тврди дека е наместен од полицијата но не го посочи Спасовски туку двајцата началници кои во тоа време вршеа функции како началник на организиран криминал и за криминалистичка полиција.
“Не чуствувам одговорност Наместен сум од нив двајцата , дрогата е подметната ова ми кажа и еден од луѓето кои работеле на случајот, а снимките кои на Јутјуб ги покажа полицијата не се реални“, тврди Муареми кој додава дека и двајцата инспектори кога се сменила власта биле суспендирани од работа.
Полицијата заплени 15 килограми кокаин и тогаш беа уапсени 6 лица, а седуумината не ги пронајде. Меѓу нив е и Оливер Петров поранешен полицаец. Иако беше приведен подоцна е пуштен на слобода но неколку месеци подоцна повторно уапсен заедно со уште двајца. Тогаш министерот Тошковски потврди дека двајцата поранешнми полицајци оддавале службени, а Оливер Петров, бил посредник помеѓу нив и криминалната група од Грчец.
И тие се откриени преку апликацијата Скај а залоенети им се телефони, лаптопи и документација. Но, за Шеваљ Скај е само индиција а не доказ. За неговата поврзаност со ова дел тој смета дека не постојат матерјални докази.
„Скај е индиција не е доказ, тоа го направија еден ден пред избори За мене немало ниту ПИ мерки. Нема докази дека сум зборел со нив. Сето ова ми доаѓа по нарачка на двајцата началници, кои сега се суспендирани. Се надевам дека судот бидејќи нема матерјални докази ќе увиде и ќе ме ослободат од вина“, изјави за КОД Муареми.
Многу репортажи нсе направени за убавините на Дубаи но и истражувачки стории за тоа кој и како живее во овој град. Австралиски, белгиски, и други истражувачки мрежи на новинари откриваат како големи бизнисмени и криминалци купуваат имот и остануваат овде водејќи луксузен живот.
Никој не прашува од каде си и што работиш битно им е да имаш многу пари кои ќе ги вложиш, но, и потрошиш во емиратот не надвор од него. На прашањето колку пари во кеш можеш да дадеш ако купуваш нешто во Дубаи одговорот е онолку колку што можеш да носиш со себе макар биле и во вреќи. Се плаќа и со крипто валути. Шеваљ Муареми од Македонија е бегалец, но, во Дубаи е еден од илјадниците кои живеат луксузно, трошат многу пари но никој не го прашува како ги заработил.
Снежана Лупевска Созен