Вести Македонија

Политичка неизвесност, евроинтеграции и покренати етнички прашања – колкав е ризикот од поттикнување говор на омраза?!

Политичка неизвесност, евроинтеграции „на чекање“ и покренати етнички прашања.

Уставни измени се потребни за почеток на преговори со ЕУ, но за Владата прифатливи само ако се  со одложено дејство.

Полемиката околу употребата на Албанскиот јазик дополнително ја заострува реториката. Опозициските партии од албанскиот блок предупредуваат за тензија, доколку Уставниот суд ја оспори употребата.

А, стручната јавност апелира – внимателно со изјавите и јавната комуникација.

Тоа го нотираат и граѓаните – оние првите кои ги восприемаат пораките на носителите на одлуки.

Говорот на омраза не престанува секојдневно. Со тоа тие се хранат и со тоа опстануваат. Нема чаре за ова. Ова не застанува и никогаш нема да застане, кажа една граѓанка која ја анкетиравме.

 

Политичарите треба да внимаваат на сѐ – на начинот на изразување, на начинот на однесување. Многу работи влијаат за еден човек да биде политичар. А, ова сѐ се кој од кој политичари. Јас сѐ полошо и полошо ги гледам работите. Од сите сум разочаран, додава уште еден наш соговорник.

Комуникологот Сефер Тахири ја анализира јавната комуникација и нотира дека говорот на омраза најчесто е од етнички карактер.

Македонија досега не изгради модел за да ги спречи поделбите, вели Тахири и додава дека актуелните збиднувања на политичката сцена можат да бидат поттик за поинтензивна употреба на говорот на омразата.

Во Република Северна Македонија говорот на омразата првенствено се однесува на карактеристиките коишто се колективни односно групни, врз основа на етничка основа. Не дека нема говор на омраза базиран или мотивиран од верски мотиви или други причини, но Говорот на омразата во земјата повеќе е од етнички карактер затоа што Македонија е мултикултурно, мултиетничко и мултијазично општество и за жал не успеала да изгради модел којшто ќе ги порамнува поделбите коишто постојат во земјата и ќе ги сфати како привилегија, кажа проф. Сефер Тахири, комуниколог.

Бројни релевантни истражувања покажале дека некогаш говорот на омраза е насочен намерно и со цел.

Слободата на говорот и на изразување на мислата е основно човеково право и јасен показател за капацитетот на демократијата на едно општество. Но, неретко сме сведоци како тоа се злоупотребува за нечии интереси.

Политичарите со заложби за борба ротив говорот на омраза. Оваа појава не е нормална за здрави општества, а со цивилизирано и културно ниво на комуникација ќе се врати и довербата на граѓаните.

Даваме сѐ од себе да го отстраниме тој дел и да имаме што подобра комуникација и со невладиниот сектор и со училиштата, да развиваме друг начин на комуникација. Нашата борба и моја борба како млад политичар треба да биде сконцентрирана да говорот на омразата целосно се отстрани од политиката и од секојдневниот начин на комуникација, вели Горан Герасимовски од СДСМ и градоначалник на Општина Центар.

 

Секој може да пише разноразен коментар, обвинување, навреди и да не говорам уште какви работи, да опцуе политичар, итн. Но, честопати пак и политичарите знаат да ја преминат границата во тој поглед. Затоа јас како еден од помладите политичари секогаш се трудам тоа што го говорам да биде рационално, вели Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Кисела Вода.

Говорот на омраза по национална припадност е на врвот на листата и во месечниот извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права, за месец септември.

Второ и трето место се етничката и политичката припадност, а помалку случаи има за говор на омраза поради сексуална ориентација, говор на омраза поради пол и род и религија и религиско уверување.

Петар Догов

 

Овој напис е подготвен во рамките на проектот Мрежа за разновидност 2.0 – Нова агенда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоопределување со нова победа на изборите во Косово, но за влада ќе мора да бара коалиционен партнер

Дејан Дејан

КОД: Избегал во странство наместо во затвор, судење кое трае деценија, роднини кои не знаат како е спроведена правда за смрт на нивни блиски во сообраќајни несреќи на пешачки премин

Дејан Дејан

Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе