Вести Наука и здравје

Вештачка интелигенција може да помогне во полесна детекција на скршени коски

Вештачката интелигенција има потенцијал да помогне на  лекарите при анализирање на рендгенските снимки, според Националниот институт за извонредност за здравје и нега (NICE).

Според Институтот истражувањето сугерира дека технологијата е безбедна и би можела да го забрза откривањето на скршениците.

Четири алатки за вештачка интелигенција треба да се препорачаат за употреба во итна нега во Англија, додека се собираат повеќе докази за придобивките од технологијата.

Вештачката интелигенција нема да работи сама – секоја слика ќе биде прегледана од здравствен работник. Од Институтот велат дека скршените коски се пропуштаат во 3-10% од случаите, а тоа е најчеста дијагностичка грешка во одделенијата за итни случаи.

А обучените експерти кои вршат и анализираат илјадници снимки на рендген секој ден во Националниот здравствен сервис се дефицитарни, со огромен обем на работа. Стапките за слободни работни места се 12,5% за радиолози и 15% за радиографи, според долгорочниот план за NHS во Англија. Решението, е да се искористи моќта на вештачката интелигенција да работи заедно со лекарите.

Марк Чепмен, директор за здравствена технологија во NICE, рече дека тоа ќе им ја олесни работата.

„Овие технологии за вештачка интелигенција се безбедни за употреба и можат да забележат фрактури што луѓето би можеле да ги пропуштат, со оглед на притисокот и барањата под кои работат овие професионални групи“, изјави тој.

Чепмен рече дека алатките за вештачка интелигенција, исто така, може потенцијално да ја забрзаат дијагнозата и да го намалат бројот на потребни состаноци за следење поради пропуштена фрактура за време на првичната проценка.

Според Институтот  „малку веројатно“ технологијата да доведе до пораст на неточни дијагнози или непотребни упатувања до клиниките за фрактури бидејќи радиолог секогаш ќе ги прегледува снимките со рендген.

Процесот би бил подобар отколку клиничар да гледа слики самостојно, се вели во извештајот. Потенцијалот за користење на вештачка интелигенција во здравството е огромен. Вештачката интелигенција веќе се користи за да помогне да се откријат најраните знаци на рак на дојка при скенирање, да се открие кој е најмногу изложен на ризик од срцев удар и да се предвиди кога ќе се случи следната пандемија.

Консултациите за нацрт-насоките на Националниот институт за извонредност за здравје и нега за оваа употреба на вештачката интелигенција ќе завршат на  петти ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе