Вести Код Македонија Топ вести

КОД: Кој ги прави реформите на тајните служби- владата вели процесот е државна тајна

Три и пол месеци по најавените реформи и спојување на двете тајни служби- Агенцијата за разузнавање и агенцијата за национална безбедност, во една, нема никаква информација за процесот. Од владата, за КОД одговорија дека поради чувствителноста процесот е државна тајна, но наскоро ќе биде информирана јавноста за детали од предлогот за измени.

Во меѓувреме, се појавија гласини и информации дека меѓу другите, реформите за спојување на тајните служби, ги прават и функционери и разузнавачи кои беа на функции кога се случи злоупотребата со масовното нелегално прислушување. КОД ги проверуваше овие наводи.

Во КОД вечерва и за надзорот врз тајните служби и прислушувањето и како власта спротивно на законот доби мнозинство во собраниската надзорна комисија за надзор на следењето на комуникации. Дали една тајна служба е подобра од две и кои се искуствата од регионот. КОД е по вечерните вести на Телма. во 19:15 (недела 13.10.2024.).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотогалерија) Гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи, магија во Античкиот театар – отворено 65-то „Охридско лето“

Дејан Дејан

Иранскиот претседател бил повреден во 12-дневната војна со Израел

Дејан Дејан

Фатен на камера како пали и бега – пријавен случај на подметнување пожар во Делчево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе