Вести Македонија Најважни

Иџет Мемети се спогодил со обвинителството, дознава Телма

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.

Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал за Телма кусо одговорија дека ќе следи информација во текот на денот.

Наке Георгиев беше приведен со 10 илјади евра на паркинг во Скопје кои му ги предал синот на Стојчев. Тврдеше дека Стојчев помладиот го наместил затоа што одбил да издејствува поблага казна во спогодба со обвинителството, за неговиот татко.

Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат.

Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци а деновиве скопска Апелација ја одбила неговата жалба за притворот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и свежо – Временска прогноза за 16.9.2024

Дејан Дејан

НАТО: Украина има законско право да напаѓа цели во Русија

Дејан Дејан

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе