Вести Култура Топ вести

Киро Урдин со изложба на фотографии во Букурешт

 

По извонредниот успех постигнат минатата година во главниот град на Романија, со две изложби на слики во познатата галерија „Константин Бранкуши”, во рамките на зградата на Романскиот парламент и, во галеријата на Националниот музеј на романската литература, како и учеството на 13-тиот Интернационален фестивал на поезија,  нашиот реномиран мултимедијален уметник со светско реноме, Киро Урдин, повторно ќе се претставува пред романските љубители на уметноста.

Овојпат, на покана на Музејот на романскиот селанец во Букурешт, кој во 2006 год. е прогласен за најдобар во Европа, на 18 јули ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии на Киро Урдин, насловена „Луѓето од Долината Омо Валеј” . Фотографиите ги направил Урдин за време на неговите бројни патувања во Африка, при снимањата на неколку негови документарни филмови.

  • Tука се припадниците на `племињата` Мурси, Боди, Квего, Мугон, Ари, Бана, Хамар, Аробе, Каро, Сурма, Диме, Консо…опстојуваат, живеат. Да се видат и доживеат тие прекрасни припадници на овие етнички групи е вистински топол шок за секое срце. Кај некои од нив кожата им е изгравирана, кај други е насликана со бои, а богатата разновидност на пропратни украси помага да се збогати уште повеќе нивната убавина. Природно спонтани луѓе, како срцето да им минало во нивните насмевки, пишува Киро Урдин во текстот насловен „Омо Валеј“.

Куратор на изложбата е Теа Теохаревска- Иванова, дипломиран филолог по романски јазик и книжевност, а комесар Јане Теохаревски, историчар на уметност. Изложбата ќе трае до 18 август и, е во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Романија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе