Вести Култура

Џулијан Рахлин во двојна улога вечерва на отворањето на „ Охридско лето“

Ова е исечок од една од пробите кои деновиве светски познатиот виолинист и диригент Џулијан Рахлин ги држеше со Македонската Филхармонија , во пресрет на концертот со кој што вечерва ќе биде отворено 64 издание на фестивалот Охридско лето, во Античкиот театар. Рахлин, кој во раните 90 -ти години на минатиот век и самиот учествувал на нашиот најголем летен фестивал, а во 2017 со Македонската Филхармонија настапи на Божикниот концерт во НОБ, овој пат на „  Охридско лето“ ќе има двојна улога. Ќе настапи како диригент и како виолинист, при изведбите на „Концертот за виолина и оркестар во Е- мол , опус 64“, од Феликс Менделсон и Увертирата – Фантазија „ Ромео и Јулија “, од Петар Илич Чајковски.Тоа за него и за музичарите од Македонската филхармонија е голем предизвик, вели Рахлин.

  • За концертот на Менделсон за виолина, нормално имате солист, диригент и оркестар. Овде имате солист и диригент во едно. Па, оркестарот нема вистински диригент, што е многу возбудливо зашто секој музичар е дури многу поодговорен да слуша, да реагира. Па, тоа ќе биде многу интересно. Тоа е посебен предизвик за вас ? Да, тоа е голем предзвик . Но, не само за мене, исто така и за музичарите од оркестарот, вели Џулијан Рахлин, виолинист и диригент.

Пробите во Филхармонијата беа можност да се надминат сите технички предизвици при изведбата на делата. Имајќи предвид дека се работи за композиции од различни композитори , напишани во различни временски периоди,  очекувањата се различни, вели концерт мајсторот во Македонската филхармонија, Ана Кондратенко.

  • Во делото на Менделсон се бара , покрај романтика, и убави широки мелодии. Сепак, таму се бара според мене , од оркестарот се бара да биде поприбран, отколку во делото на Чајковски , каде што ние можеме да ја пуштиме  душата, нашата словенска душа. Со големи наши вибрата , со голем звук кој што сум сигурна дека ќе го изведеме така, вели Ана Кондратенко, виолинист и концерт мајстор во Македонската Филхармонија.

На програмата на „ Охридско лето“ годинава има уште 26 музички, 5 драмски и 3 содржини во придружната програма, со учество на 500 уметници од 24 земји , како и од Македонија. Фестивалот трае до 20 август.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе