Вести Култура

Љутков: Ја слушам фелата, но не толку политиката

Јас сум уметник а уметноста е секогаш тука за да го критикува општеството, поединецот, власта, и како уметник јас ја слушам фелата, а помалку политиката, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во вечерашното издание на Вин Вин на Телма.

Политиката прави една структура во која насока ќе се движите, како генерална политика, како ВМРО-ДПМНЕ која што оди накај десно, која што се грижи за културата, традицијата, обичаите, која што се грижи за културниот идентитет, и имате една друга страна, а тоа е левата страна која што низ годините покажала дека културата всушност, идентитетот не е основата, традициите не се основата, туку современата култура која што служи за забава или ПР стратегија. Од тој аспект јас пробувам оваа лева страна да ја тргнам од видикот и да можам да обезбедам некаква стабилност која што ја држи десната страна, значи цврстината која што ја има, цврстата рака а од друга страна на уметниците да им се овозможи да творат неприкосновено, рече Љутков.

Запрашан за политиките во културата на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не се сложува со дел од проектот Скопје 2014, но порача дека треба и ќе се продолжи да се истражува и вложува во културното наследство на земјата.

Можеби да имав моќ во тоа време и влијание јас би направил нов МНТ, но дека би вложил толку средства во нова национална установа, би дал. Сакам да кажам дека во еден дел се сложувам, доколку сме во можност и милијарди нека влезат во културата, но рационално да бидат искористени. Затоа што се тоа што се случило, денеска онаа бронза како што ја викате, таа е останата како историја, дали ќе се сложиме или нема да се сложиме, таму не е афирмирано нешто што не постои во македонската историја. Дали требало толку, тоа е друго прашање, рече Љутков.

Потсети дека во програмата ветиле поголема поддршка за фолклорот и потврдување на идентитетските чекори затоа што полека се забораваат.

Многу повеќе ќе трошиме средства на институционалната и националната култура, бидејќи нас институциите ни се девастирани во овој период, Ние не можеме да размислуваме за некакви модерни, современи решенија, на некоја независна култура кога имате разрушени национални институции. Не можеме сега до толку да размислуваме, да, ние треба да си останеме на, еве ако сакате наречете ја конзервативната култура, но формата можеби треба да биде поинаква. Значи суштината е една, а начинот на којшто ќе им ги претставиме работите е нешто друго. Ние мора нашата култура и традиција на децата да им ги сервираме такви какви што се, а начинот на којшто ќе бидат презентирани, тоа се сложувам дека треба да бидат современи форми со коишто ќе се идентификуваат, рече Љутков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеев во „Топ тема“: Филерите се медицински помагала, мали дози на ботулинов токсин може да доведе до парализа на одредена мускулна група

Дејан Дејан

Косовското Обвинителство започнува истрага заради техничките проблеми на сајтот на ЦИК

Дејан Дејан

Научници: Студените зими стануваат поретки поради глобалното затоплување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе