Вести Македонија Топ вести

Караманлис и Самарас бараат експертска група за подготовка за повлекување од „национално опасниот договор од Преспа“

Двајца поранешни премиери на Грција, Костас Караманлис и Андонис Самарас, од редовите на „Нова демократија“, побараа заострување на надворешната политика на официјална Атина кон Македонија, но и кон Албанија и Турција.

Обараќајќи се синоќа на промоција на книга, двајцата не ја штедеа актуелната влада на Кирјакос Мицотакис по многу теми, а во контекст на надворешната политика побарале од Мицотакис создавање на силна правна и политичка група на експерти кои би подготвиле повлекување од, како што го нарекле, „национално опасниот договор од Преспа“. По примерот на Бугарија, тие побарале и ставање на вето на секој чекор за Скопје.

Самарас изјави дека Македонија од почетокот не го почитувала договорот од Преспа, како што не ја почитувала ниту времената спогодба на Андреас Папандреу. Самарас ја обвини претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова за иредентистичка догма, поради средбата со претставници на децата бегалци од Егејска Македонија.

Караманлис, пак, бил на став дека е неопходно да се испрати гласна порака и до Скопје и до Тирана, дека нивниот пат кон ЕУ зависи од Грција. Караманлис беше премиер на Грција, кога Македонија го доби ветото од Грција за пристапување во НАТО во 2008 година. Самарас беше премиер на Грција од 2012 до 2015 година, а во 90-те години беше министер за надворешни на Грција, запаметен по многу тврдите позиции по спорот за името на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред две години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе