Наука и здравје

Дали црн дроб ќе може да израсне од “кеса клетки”- медицината во потрага по решение за проблемите со џигерот

(ФОТО LyGenesis) За прв пат, научниците се обидуваат да „одгледаат“ нов, минијатурен црн дроб во телото на човек за да му овозможи полесен живот доколку овој витален орган им е оштетен или не функционира. Иако звучи како научна фантастика; всушност, идејата потекнува од друг филмски жанр, ваков научен потфат беше сценарио на епизода на драмата “Grey’s Anatomy” во 2018 година, објави магазинот Wired.

Сега, биотехнолошката компанија LyGenesis се обидува да го претвори филмскиот концепт во реалност. Експерименталната постапка почна  во Хјустон на 25-ти март како дел од клиничкото испитување кое ќе го тестира третманот кај 12 возрасни лица со заболување на црниот дроб во краен стадиум.

Овие пациенти обично бараат трансплантација на црн дроб, но нема доволно органи за донирање и пресадување. LyGenesis се надева дека преку овој здравствен стартап ќе поттикне раст на доволно здраво ткиво на црниот дроб во телото на пациентите за да не им е потребна  трансплантација.

„Ги користиме лимфните јазли како жив биореактор“, вели Мајкл Хафорд, коосновач и извршен директор на LyGenesis од Питсбург. Тој за магазинот Wired вели дека само 10 до 30 проценти дополнителна маса на црниот дроб може да има значаен ефект за пациентите чиј орган е заболен во крајниот стадиум.

Не сите донорски црни дробови може да се трансплантираат затоа што треба да се совпаѓаат со особините на пациентот кој чека трансплантација. Понекогаш донорските органи не се совпаѓаат по крвна група или дробот има  премногу масти за да се трансплантира и биде прифатен во новото тело. Но, тие сè уште се остварливи за процесот смислен од LyGenesis – и еден дониран црн дроб има доволно клетки, за лекување до 75 луѓе,.вели Хафорд.

Од тие отфрлени органи, научниците на LyGenesis ги изолираат и ги прочистуваат хепатоцитите – најзастапените клетки во црниот дроб – и ги собираат во специјално дизајнирана IV кеса. Следниот чекор е да ги ставите клетките на вистинското место во телото.

Здравите клетки не може директно да се инјектираат во заболениот црн дроб бидејќи нема да преживеат, вели Ерик Лагасе, главен научен директор на LyGenesis и професор по патологија на Универзитетот во Питсбург.

Пред околу една деценија, тој ги идентификуваше лимфните јазли како потенцијална основа за развој на нов црн дроб. Овие мали грутки ткиво во облик на зрно грав помагаат во борбата против инфекцијата како дел од имунолошкиот систем. Тие исто така имаат способност да се шират, и како и црниот дроб, ја филтрираат крвта. Бидејќи такви клетки има толку многу низ телото – 500 до 600 кај возрасните луѓе- според првичните анализи, “пренамената” и трансплантацијата не би требало да влијае на тоа како останатокот од дробот и другите органи би ја извршувале  својата задача во телото на донорот, но и во телото на оној што ја добива кесата клетки со надеж дека ќе му “израсне” нов орган потребен за живот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се знаците за високиот шеќер во крвта?

Дејан Дејан

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Здравата храна е клуч во борбата против ракот на дојка и срцевите болести покажуваат истражувањата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе