Eдна од водечките технолошки компании во светот ,,Епл” секојдневно работи во развивање на вештачката интелигенција и роботиката.
Според новинарот на Блумберг, Гурман, компанијата започна со проект наречен: ,,Робот за лична употреба” кој всушност ќе биде наменет за домашна примена. Фокусот на ,,Епл” во исто време е ставен на електричните автомобили и роботиката, во надеж дека ќе развијат најсовремен уред кој би бил во голема побарувачка од страна на луѓето.
Иако проектите на „Епл“ сѐ уште се наоѓаат во своите рани фази, една од најчесто спомнатите замисли е самоуправувачки екран во движење. Овој модел на екран би имал намена за на работна маса, а би можел евентуално да ги имитира движењата на човекова глава, на пример, следејќи го и сосредоточувајќи се на едно лице кон повеќемина.
Сепак според „Епл“ постојат мали сомнежи во прифаќање на новите иновации, бидејќи вештачката интелигенција го нема распространето нејзнино дејствие и имплементација која би можела да биде јасна и да го привлече вниманието на секого.