Американската академија за филмски уметности и науки доцна вечерва во театарот Долби во Лос Анџелес ќе ја одржи 96-тата церемонија на доделување на престижната награда Оскар.
Со 13 номинации, фаворит е филмот „Опенхајмер“. Филмот „Барби“ на Грета Гервиг доби осум номинации. „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос за женската верзија на Франкенштајн во викторијанската ера кој доби 11 номинации, додека филмот „Убијци на цветната месечина“ на познатиот Мартин Скорсезе за убиствата на Индијанците во американската држава Оклахома на почетокот на 20 век, доби 10 номинации.
View this post on Instagram
Првпат досега, два филма од неанглиско говорно подрачје се номинирани за Оскар за најдобар филм – „Анатомија на падот“ и „Зоната на интерес“.
View this post on Instagram
Домаќин на церемонијата ќе биде комичарот Џими Кимел, кој веќе неколку пати го водеше доделувањето.
View this post on Instagram