Филмови

НАРКО ВОЈНИЦИ – сабота, 09 март 2024 – 22:15

Криминалистички трилер полн со акција што го истражува повторното оживување на карипските патишта за дрога и доаѓањето на власт на една двојка во стилот на Бони и Клајд. Дени, амбициозен војник во една доминиканска банда, се враќа од Мајами во Доминиканската Република. Тој во Мајами ги надгледувал пратките со дрога што пристигнувале од Доминиканската Република и се враќа опремен со тактики и вештини кои ги научил од поранешните американски маринци со кои работел, па многу брзо напредува во нарко круговите. Кога Дени ја запознава Марисела, свршеница на неговиот најдобар пријател, се менува сè. Убава, и со амбиција еднаква на Дени, таа им предлага бизнис план на Дени и Тео, за да ја вратат моќта од странските нарко картели и да се збогатат во тој процес. Шефот на Дени, лојален на картелите, ги затвора. Наместо да се повлечат, Дени и Марисела, за да ги ослабат бандите, предизвикуваат војна помеѓу нив. Дени и Марисела имаат врска зад грбот на Тео а шефот на Дени дознава за тоа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АВА – недела, 28 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

МОЈОТ ЖИВОТ БЕЗ МЕНЕ – сабота, 27 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

СЛУЧАЈНИ ЉУБОВНИЦИ – сабота, 27 април 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе