Вести Македонија

Нашата работа е на нива, не по канцеларии, решете го проблемот со договорите за закуп на земјоделско земјиште – реакција на овчеполските земјоделци

Нашата работа е на нивите, а не да одеме по канцелариите. Ќе ве молеме решите ни го проблемот со договорите за закуп на земјоделски земјиште, за коишто уште лани околу 100 земјоделци навреме имаме конкурирано, од овој регион, порачаа земјоделците од Здружението „Овчеполски фармер“, кои денеска имаа две одделени средби со ресорниот министер, Љупчо Николовски и дополнителниот министер, Цветан Трипуновски.

Земјоделците прашаа зошто се чекало осум месеци за да се продолжат договорите и да стравуваат дека ќе нема субвенции за посеаните култури на нивите.

Земјоделците кои имаат договори за закуп на земјиште од 10 или 20 хектари, а на кое веќе 20 години произведуваат пченица, јачмен, пченка, детелина и бостан, храна и за луѓето и за стоката од двајцата министри добија ветување дека ќе им се продолжат договорите. Дополнителниот, Трипуновски имаше елегантно решение, а пак министерот, Николовски пак им гарантираше дека договорите ќе им се продолжат во текот на овој месец.

По средбата со Трипуновски и Николовски, овчеполските земјоделци порачаа дека ќе ги држат за збор, а ќе бидат трпеливи до 3 април. Доколку не им се продолжат договорите за закуп на земјиштето во текот на овој месец по 3 април ќе ги активираат протестите и блокадите.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе