Вести Култура Македонија

Масовно отпуштање на хонорарци во МКЦ, реализацијата на програмата под знак прашање

Од денеска, со одлука на директорот на МКЦ Арбен Шаќири, институцијата повеќе не може да ги извршува своите дејности поради отпуштање на 30 лица кои хонорарно биле ангажирани, некои и со повеќегодишни договори. Во МКЦ, повеќе нема да се организираат настани се до завршувањето на изборниот процес, или поточно нема да се реализираат во нормални услови или со нормален капацитет како во регуларна ситуација, велат од МКЦ. Оттаму објаснуваат дека одлуката е базирана врз писмо со препорака доставено до МКЦ од страна на Комисијата за спречување на корупција, во која се вели дека во текот на изборниот процес не смее да се склучуваат договори со кои би се злоупотребиле буџетски средства.

-Во суштина, договорите кои се прекинати воопшто не се поврзани со користењето на буџетските средства, туку се однесуваат на соработници кои генерираат приход и истите соработници се исплаќаат од генерираниот сопствен приход, велат дел од вработените во МКЦ.

Одлуката која ја донел директорот е едострана и неоснована, уште повеќе штетна за институцијата која ако не работи во наредните неколку месеци, ќе се нанесе непоправлива штета на долг рок.

-МКЦ досега се соочил со многу изборни процеси во кои биле ангажирани лица согласно законските насоки. Дополнително, институцијата во 2023 е доведена во незавидна финансиска положба и без програмата која носи приход, е невозможно да се намалат милионските долгови продуцирани во толку краток период, велат дел од вработените во МКЦ.

Од денеска, во МКЦ повеќе нема да се ангажираат лица за предавања во Планетариумот, лица за реализација на програмските активности (технички лица и организатори на настани), нема да се организираат детски родендени, а кафулето е целосно затворено, „Апотеката“. Киното „Милениум“ ќе работи со преполовен капацитет.

Арбен Шаќири беше назначен за директор на МКЦ во јануари 2024 година со одлука на градоначалничката на Град Скопје после неколку неуспешни обиди. Претходниот в.д директор на МКЦ, Никола Алексов во два наврати се докажа дека е незаконски назначен како вршител на должност, со одлука на Управниот суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе