Емисии Код Македонија

КОД: АД ЕСМ должи милиони, а во истовреме троши огромни суми на тендери

Милионските суми кои треба да ги плати ЕСМ не се лесни за плаќање. Барем според
финасиските картички на ова претпријатие. Немајќи пари освен од Владата ЕСМ бара
пари и од ЕБРД – заем склучен со Договор за заем за поддршка на тековното работење. За немањето пари известен е управниот одбор на ЕСМ на 20 Февруари во кој се вели
дека на 12 овој месец е исплатен првиот ануитет од заемот вреден 8 милиони и 635
илјади евра . Ова ја довело компанијата во финансиска криза и доцнење за исплата кон
домашните и странските добавувачи и по повеќе од 90 дена . КОД дојде до документ
кој покажува дека ЕСМ е пред финансиски колапс.

На кого ЕСМ должи? 

Компанијата Симпекс Битола која има механизација околу 200 милиони денари
или три милиони и 241 илјада евра со камата, уште осум илјади евра за што ЕСМ
добило од Симпекс опомена пред тужба.

За месеците септември октомври, ноември и декември минатата година како и јануари и февруари оваа не е платено осигурувањето на имотот на осигурителната компанија сумата е речиси милион евра (972 илјади евра).

200 милиони денари или три милиони и 241 илјади евра обврски доспеани од РЕК Битола за странските фирми за месеците септември, октомври, ноември ,декември лани како и јануари годинава.

Управниот одбор е известен и дека втората рата за кредитот од ЕБРД на ЕСМ
ќе му стаса за наплата во август годинава и ќе изнезува 800 милиони денари
речиси 13 милиони евра (12.965.000 евра) пари кои ЕСМ треба да ги обезбеди.
И додека Секторот за финасии добивал сугестии предност за наплатата да
имаат обврските кон добавувачите на јаглен и мазу , овој сектор предупредува
дека ако се платат овие обврски тогаш ЕСМ ќе се соочи со тужби и судски
спорови кои ќе доведат до зголемени трошоци во работењето.

И дедека ЕСМ распишува тендер за ископ на јаглен вреден 46 милиони евра на
само една компанија- Марковски компани. Но и повик за увоз на јаглен вреден
100 милиони евра. Секторот за финасии апелира…

,,При отпочнување на постапката на јавни набавки секогаш добро да се утврди потребата од стоката или услугата што се набавува и доколку е возможно истите да се намалат како би можеле финансиските сретства да се искористат за таму каде што се најпотребни.“

Поради предвидувањата дека ЕСМ може да има финансиски колапс секторот за
финансии предлага : Секторот за финасии да ги изработува финансиските
планови за месечно подмирување на обврските а да се плаќа на уразумен
начин, а обврските да се плаќаат според доспеаноста согласно месечните
примања.

Да се депонираат секој месец по сто милиони денари за да може да се плати
ратата за кредит кон ЕБРД од 800 милиони денари (12,96 милиони евра).

Да се договори динамика на исплата на фирмите каде се должи да се потпишат
договори со фирмите од каде се набавува мазут и и јаглен за да се заштити
фирмата од тужби. Секоја подружница на ЕСМ да почне да штеди.

ЕСМ не платило сметки за вода. Јавното претпријатие Стрежево од Битола
побарува 767 илјади евра 90 дена (47.330.036 денари). ЕСМ не платило па
Срежево е со крајно загрозена ликвидност на претпријатието, а тоа може да
доведе до неможност за исплата на плати, но и да го блокира плаќањето на
обврските кон добавувачите. Затоа ЈП Стрежево од Електрани на Македонија
бара итно да си го платат долгот.

Снежана Лупевска Созен

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе