Вести Македонија Топ вести

Даштевски предлага да може да се гласа и со старите пасоши

Додека ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на важноста на пасошите со Република Македонија до крајот на годинава, а владејачкото мнозинство засега вели дека тоа не е решение, претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски предлага барем да може да се гласа и со старите пасоши на коишто сè уште не им е истечена важноста.

Старите лични карти сè уште важат, но пасошите на кои пишува Република Македонија престанаа да важат од 13 февруари, пет години по потпишувањето на Преспанскиот договор. За да им се излезе во пресрет на граѓаните на кои личните карти им истекле, а не извадиле нови, Даштевски предлага на овие избори да може да се гласа и со старите пасоши.

„Предлагаме пасошите на кои пишува „Република Македонија“, ако се важечки, да важат само за гласање и тоа да се стави во Изборниот законик како преодна одредба која ќе важи само за овие избори. Од ова мислам дека нема поидеално решение. Веќе го сменивме Законот за лични карти и тие важат, но многу луѓе немаат и лични карти, па ако важат пасошите, еден документ ќе имаат важечки само за гласање зашто тоа се реално важечки документи, издавани од нашите надлежни органи“, рече Даштевски во синоќешната Топ тема.

За да се надмине хаосот со издавање пасоши, опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага донесување закон со кој ќе се продолжи важноста на пасошите до крајот на годинава.

Неофицијално, законот би можел да се најде пред пратениците веќе наредната недела.

Сепак, власта вели дека тоа нема да го реши проблемот, зашто може да се доведеме до ситуација пасошите да важат само дома, а другите држави да не ги признаваат. Според нив, решението е во забрзување на издавањето на нови документи.

„Ако успеат да обезбедат Владата, претставниците согласност од земјите членки на ЕУ, од другата потписничка страна, тогаш може да се разговара за тоа, но досега не слушнав изјава од институциите во ЕУ и институциите во Грција волја да го анулираат договорот во делот на важењето на патните исправи“, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Според Преспанскиот договор, од 13 февруари требаше да престанат да важат сите документи без Република Северна Македонија кои може да се користат надвор од државата. Сепак, старите лични карти со Република Македонија сè уште важат, затоа што не е сменет законот за лични карти. Собранието на 12 февруари изгласа измени со кои го продолжи рокот на возачките дозволи. Старите пасоши веќе не важат, без оглед што рокот на важност сè уште не им е истечен.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе