Вести Македонија

На обвинителката Ристовска конечно и дадоа клуч од канцеларија во Обвинителство за да може непречено да соработува со Eurojustice во борба против криминалот

Откако обвинителката Ленче Ристовска која е втор мандат назначена за јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда (Eurojustice) пред повеќе месеци се пожали дека за таа функција нема ниту работна канцеларија ниту пристап до интернет, и искоментира за состојбите во Советот за јавни обвинители- доби дисциплинска постапка од Советот.

Во меѓувреме, Ристоска не беше избрана на повисока функција во системот на Обвинителството, затоа што е мајка на две мали деца, но, успеа да се избори до втор мандат за обвинител за врска со Европравда. Како поранешна обвинителка во СЈО, работата ја извршуваше во старото седиште на СЈО, но, денеска конечно доби канцеларија за посупешно извршување на важната функција во борба против криминалот и корупција.

Обвинителството објави соопштение и слика на која се гледа и клучот од канцеларијата кој на Ристовска и го врачил новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски.

-Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Коцевски денеска се сретна и со назначениот јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда Ленче Ристоска. Двајцата разговараа за тековните состојби и предизвици во работењето на канцеларијата за врски, со особен акцент на важноста на навремена и експедитивна меѓународна соработка во кривичните постапки. Со оглед на околноста што непосредно претпоставен обвинител на обвинителот за врски е државниот обвинител, на обвинителката и беше доделена канцеларија и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, соопшти Обвинителството.

Миомир Серафиновиќ

Двајца скопски обвинители упатени во ОЈОГОК за поефикасна борба против организиран криминал и корупција, соопшти Јавното обвинителство

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе