Вести Македонија

Двајца скопски обвинители упатени во ОЈОГОК за поефикасна борба против организиран криминал и корупција, соопшти Јавното обвинителство

Јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи од Основното јавно обвинителство Скопје, со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се упатуваат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Упатувањето се врши со цел зајакнување на капацитетите за ефикасна борба против организираниот криминал и корупција, како еден од приоритетите во програмата на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски. Тој денеска оствари средба со Хаџи Василева и Азизи, како и со основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК Гаврил Бубевски и Ислам Абази, при што ја поздрави одличната соработка меѓу овие две обвинителства која придонесува за поефикасен кривичен прогон.

Јавните обвинители Хаџи Василева и Азизи, со овластување од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, ќе продолжат да застапуваат дел од предметите по кои постапувале до сега.

На обвинителката Ристовска конечно и дадоа клуч од канцеларија во Обвинителство за да може непречено да соработува со Eurojustice во борба против криминалот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе