Uncategorized Вести Свет Топ вести

(видео)Еден убиен, повеќе од 20 ранети во оружениот напад на парадата на победниците во Супер Боул во Канзас Сити

Едно лице загина, а 21 беа повредени во напад во Мисури на крајот од победничката парада на Канзас Сити Чифс, кои го освоија овогодинешниот Супер Боул.

Осум лица се здобиле со повреди опасни по живот, а седум се тешко повредени, а нивните повреди може да бидат и опасни по живот, соопштија властите.

Меѓу ранетите има и девет деца, полицијата соопшти дека уапсила тројца осомничени.

Истрелите биле испукани западно од станицата Унион, железничката станица во центарот на Канзас Сити, каде што завршила парадата околу 14 часот по локално време.

Полициски извор за CBS News изјавил дека пукањето изгледало како резултат на расправија која станала насилна и дека не станува збор за тероризам.

Лани во центарот на Денвер по шампионатот во НБА на Нагетс во пукање беа повредени неколку луѓе.

Пукотниците на вчерашниот настан пред станицата Унион се случија и покрај големиот број полициски сили задолжени да се грижат за редот во објектот и околната област.

Канзас Сити долго време се бореше со оруженото насилство, а во 2020 година беше меѓу деветте градови кои беа цел на американското Министерство за правда во обид да се сузбие насилниот криминал.

Во 2023 година, градот постигна рекорд со 182 убиства, од кои повеќето со употреба на пиштоли.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе