Борба против Лажни вести

Еден викенд во февруари со „намален притисок на вода“

Дваесет и пет населби во Скопје беа наброени на листата објавена од ЈП Водовод и Канализација претпладнето во саботата на 10.02.2024 година, дека во домовите на граѓаните следниот ден во недела притисокот на водата ќе биде намален.

Медиумите ја објавија информацијата со следната содржина:

  • На ден 11.02.2024 година (недела) од 17:00 часот поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат следните населени места:
  • Арнакија
  • Сарај
  • Глумово
  • Горна Матка
  • Долна Матка
  • Ѓорче Петров
  • Влае
  • Карпош
  • Жданец
  • Нерези
  • Центар
  • Клинички Центар
  • Кисела Вода
  • Усје
  • Пинтија
  • Драчево
  • Батинци
  • Студеничани
  • Моране
  • Дел од Гази Баба
  • Чаир
  • Скопје Север
  • Топаанско Поле
  • Автокоманда и
  • Аеродром

Граѓаните од овие 25 скопски општини и населени места добија и совети од медиумите дека треба да се подготват навреме, да ги наполнат резервните садови и да си обезбедат вода за пиење.

Најголема загриженост, оваа вест предизвика кај жителите на висококатниците во Скопје за кои информацијата „намален притисок“ значи „ќе останете без вода“.

Бидејќи претходните денови на главните сообраќајници низ Скопје можеше да се забележат екипите на ЈП Водовод и канализација, за жителите на градот веста дека во недела ќе има намален притисок на вода беше сосема веродостојна.

Не беше зачудувачки што за кратко време на социјалните медиуми се појавија лавина објави за тоа како ќе се помине неделниот ден кога сите членови на семејствата се дома, а поради евтината тарифа на електричната енергија вклучени се сите апарати и се подготвуваат обилни ручеци.

Истиот ден приквечер пристигна нова информација со спротивна содржина од ЈП Водовод и Канализација, но веќе ретко кој жителите на Скопје можеше да ја проследи, бидејќи со набавените резерви вода во кујните у купатилата спокојно очекуваа да дојде недела.

Па така Водовод и Канализација го избриша соопштението кое првично беше објавено на Фејсбук и пред полноќ преку електронска пошта испратија нова информација во која се вели дека неовластени лица објавиле лага дека нема да има вода во цело Скопје.

Еве ја содржината на објавата на ЈП Водовод и Канализација:

  • „Почитувани, во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето.
  • За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје. Утре сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.
  • Со почит,
  • ЈП Водовод и Канализација“

Ова претпријатие често го користи Фејсбук како медиум преку кој редовно известува за прекини на водоснабдувањето или пак најавени интеревнции на терен.

И јавното претпријатие и граѓаните ги исбришаа своите објави на Фесбук, но, објавите на медиумите и „демантите“ останаа како докажи за несигурноста која секојдневно се шири преку лиферувањето на лажни вести.

После овој февруарски викенд, наредниот ден немаше нови официјални информации, а неофицијалните беа поврзани со поставувањето на новиот директор на скопски Водовод- дека тој не бил известен за големата интервенција и дознал од медиумите и социјалните мрежи, преку кои се кренала голема паника и незадоволство меѓу граѓаните.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лажна вест се шири на интернет дека починала Калиопи, таа пријави во полиција

Дејан Дејан

Со лажна објава за бесплатна „Скопска“ ловат лични податоци на граѓани

Дејан Дејан

ЛАЖНА ВЕСТ: Нема 30 избодени со нож во Охрид на настап на српски пејач

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе