Вести Свет Топ вести

Косовските медиуми известуваат за закана за атентат во Скопје на премиерот Албин Курти

Радио телевизија Косово тврди дека до нив стигнала информација за обид за атентат од српски структури на косовскиот премиер Албин Курти, за време на неговата посета во Скопје.

Во изјава за косовските медиуми тој кажал дека не се чувствувал загрозено во Македонија, но зебележал  големо полициско обезбедување на вчерашниот состанок на сестринските социјалистички партии, на кој специјален гостин беше претставникот на германската Социјал демократска партија, Ларс Клингбајл.

Извори од косовските безбедносни служби, за РТК кажале дека веднаш после вчерашната седница на советот за безбедност на ОН, добиле податоци дека српски сили се обидуваат да извршат атентат на Курти во Скопје.

Македонското МВР ги демантира ваквите наводи во косовските медиуми.

-При посетата на премиерот Албин Курти, на Скопје, немало обид за атентат врз него. Посетата на премиерот Курти беше  организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки, соопштија од МВР.

Курти во Скопје во седиштето на СДСМ на собирот на европските левичари на кои беше и противникот на Вучиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експерти бараат формирање на сектор за борба против еколошки криминал од МВР

Дејан Дејан

Брисел, Атина и Софија предупредија за постапката на Силјановска

Дејан Дејан

Пендаровски повеќе се рекламирал на телевизија, Силјановска Давкова на радио

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе