Вести Македонија

Започнат е процес на унапредување на квалитетот на образованието, рече Јаневска во отчетот

Образованието и науката се столб на развојот, поради што остануваме посветени на реформите што ќе обезбедат подобри можности за младите и поконкурентна држава, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес-конференција во Владата, каде што даде отчет за сработеното во изминатите две години.

Според Јаневска, Министерството затекнало сериозни предизвици, но со системски пристап и посветена работа започнало процес на унапредување на квалитетот на образованието и зајакнување на научноистражувачката дејност.

Меѓу клучните активности што ги истакна се измените на законската регулатива во образованието, реконструкцијата на два студентски дома, мерките за олеснување на вработувањето на најдобрите студенти, воведувањето сменска настава, како и изградбата и реконструкцијата на училишта, спортски сали и други образовни објекти.

Таа нагласи дека овие реформи имаат цел да создадат поквалитетен образовен систем, подобри услови за учениците и студентите и поголема конкурентност на државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Вербална нота до Софија за протекувањето на нотата за патувањето на сопругата и синот на Мицкоски

Дејан Дејан

(видео)„Селективно постапување на првиот човек на МВР и непрофесионално работење“ – Интерпелацијата за министерот Тошковски пред пратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе