Меѓународната поморска организација на Обединетите нации најави голема операција за евакуација на повеќе од 11.000 морнари кои со месеци се заглавени во Персискиот Залив поради воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран.
Операцијата ќе се спроведе во соработка со Иран, Оман, САД и други држави од регионот.
Генералниот секретар на организацијата, Арсенио Домингез, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни гаранции за безбедна пловидба низ Ормутскиот Теснец.
Организацијата оцени дека договорот меѓу Вашингтон и Техеран претставува важен чекор кон обновување на поморската безбедност и нормализирање на трговскиот сообраќај.
Меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека ниту една држава нема право да наплаќа такси за премин низ Ормутскиот Теснец, нагласувајќи дека станува збор за меѓународен воден пат.
