Вести Македонија Топ вести

Мемов: Критиките во ревизорскиот извештај за ПИОМ се за претходното раководство, а зголемените обврски кон пензиските друштва и ФЗО се поради покачените пензии

По ревизорскиот извештај за работењето на на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија од Фондот ја информираат јавноста дека предмет на ревизија е работењето на Фондот во текот на целата 2024 година, кога во првите девет месеци  управувал раководен кадар именуван од претходната Влада предводена од СДСМ и ДУИ.
Фондот на ПИОМ со полна одговорност оценува дека слабостите кои се однесуваат на тековното административно работење и на системот на јавни набавки се веќе надминати, а механизмите воспоставени на крајот на 2024 и во текот на 2025 година, значително го намалуваат ризикот од повторување на констатираните состојби во иднина и ова е нотирано во извештајот на ДЗР во прилот на забелешките од Фондот на ПИОМ.
„Фондот на ПИОМ нагласува дека по преземањето на функцијата, актуелниот менаџмент веднаш пристапи кон анализа на сите ризични процеси и воведе конкретни мерки за надминување на утврдените слабости. Во делот на јавните набавки отстранети се сите недостатоци забележани во наодите и се воспоставени дополнителни контролни механизми, зајакнати се процедурите за планирање и реализација на набавките и е воспоставен систем на повисока транспарентност и отчетност.
Истовремено, преземени се активности за средување на административните евиденции, подобрување на внатрешните контроли, унапредување на финансиското управување, зајакнување на институционалната дисциплина и подобрување на процесите поврзани со управувањето со средствата и имотот на Фондот“, пишува во реакцијата на актулното раководство на ПИОМ.
Во однос на  обврските кон Фондот за здравствено осигурување и трансферите кон пензиските друштва од вториот столб, од ПИОМ велат дека „зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото зголемување на пензиите во државата“.
„Бидејќи придонесот за здравствено осигурување на пензионерите се пресметува како процент од исплатената пензија и изнесува 11,8 проценти од нето исплатената пензија, а делот за вториот столб е 6 проценти од вкупните придонеси за пензиско осигурување, сосема очекувано е со растот на пензиите да се зголемува и обврската по овој основ кон Фондот за здравствено осигурување.
Исплатите по овие основи зависат од висината на средства обезбедени во буџетот на ПИОМ и реализацијата на овие стапки во буџетот на Фондот за 2024 година изнесува 82,24 проценти за ФЗО и 92,95 проценти за Вториот столб“, велат од ПИОМ и додаваат дека е  „најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе