Вести Македонија Свет

Курти во Скопје во седиштето на СДСМ на собирот на европските левичари на кои беше и противникот на Вучиќ

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа пристигна во Скопје каде учествуваше на работната вечера по пленарната дебата во организација на германската фондација Фридрих Еберт, на тема „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“.  Тој во Скопје пристигна од Њујорк каде говореше на Советот на безбедноста на Обединетите Нации откако Косово забрани употреба на српскиот динар на северот на Косово.

Курти беше дел од собирот на европските социјал-демократски и социјалистички партии на која главен гостин беше Ларс Клингбеил, претседателот на германската владеачка Социјал-демократска Партија чиј член е и актуелниот германски премиер Олаф Шолц. Претпладнево Курти беше и во седиштето на СДСМ каде беше дел од активностите на собирот во организација на Партијата на Европски социјалисти бидејќи и неговата партија „Самоопределување“ е дел од тој политички сојуз во ЕУ.

На собирот беше и српскиот политичар Драган Ѓилас од тамошната опозициска Партија на слободата и правдата. Иако медиумите блиски на Вучиќ најавуваа средна на Курти со Ѓилас, таква активност не беше планирана во рамките на собирот на европските социјалисти, а не можеше да биде реализирана и поради доцното пристигнување на Курти во Скопје кој задоцни и на трибината. На собирот учествуваа и левичарски партии од Црна Гора, Албанија и БиХ.

Курти замина од СДСМ за време на прес конференцијата на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и Клингбеил. Потоа замина на партиски активости во Косово, а нема потврда дали Курти се сретнал со партнерите од Македонија од Европскиот сојуз за промени на Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши на кој сега му се придружува и Арбен Таравари. На официјланиот ФБ профил на Курти нема објавена никаква информација за неговиот престој и активности во Скопје и Македонија.

Косовските медиуми известуваат за закана за атентат во Скопје на премиерот Албин Курти

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе