Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против пет физички лица и две правни лица до надлежните јавни обвинителства во Скопје, поради сомнежи за повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба на службена положба, фалсификување деловни книги и употреба на исправа со невистинита содржина.
Според наводите, пријавените во својство на надзорни инженери изготвувале завршни извештаи со неточни податоци за недовршени објекти, со што овозможиле нивен упис во Катастарот на недвижности како завршени објекти.
На тој начин, правните лица создале услови за користење на документацијата како основ за понатамошни постапки.
Со ваквите дејствија, според истрагата, е овозможено стекнување противправна имотна корист преку исплата на средства од Програмата за рурален развој во рамки на ИПАРД 2021–2027, во вкупен износ од 50.141.528 денари.
