Вести Македонија Наука и здравје

ФОТО: Повредениот Леонид Индов со прв меѓународен хеликоптерски транспорт организиран од МВР пренесен во Виена на лекување

Рано утрово со полициски хеликоптер на МВР на лекување во Виена е прфрлен младиот Леонид Индов кој има тешки повреди на рбетот добиени минатото лето во Грција.

Ова е прв меѓународен лет за медицински транспорт со полициски хеликоптер, соопштија од МВР.

По враќањето од болница во Солун,  Леонид Индов беше згрижен во приватната болница Жан Митрев. Неговите најблиски се обидуваат преку хуманитарни акции да соберат доволно средства за поефикасно лекување на тинејџерот Индов.

За транспортот од клиниката беше ангажиран персонал од Градската Болница „8-ми септември“ кои претходно ги извршија неопходните медицински подготовки за летот кон Австрија.

Хеликоптерот беше подготвен за медицинскиот лет од страна на пилотите и персоналот на МВР… Летот на младиот Леонид кон Виена почна околу 6:30 часот рано наутро и тој веќе е префрлен во болница во Австрија.

На летот, присуствуваа лекарите Доц. Д-р Татјана Тројиќ спец. анестезиолог, Др. Јасмина Панова спец. анестезиолог, мед.сестра анестет. Марина Јанчева и Проф.Д-р Христијан Костов, директорот на градската болница.

-После интензивни договори, болницата набави и вгради најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт. Заедно со Министерството за внатрешни работи ја утврдивме медицинската и безбедносната маршута на движење на медикоптерот, со цел безбедно пристигнување на нашиот пациент во придружба на искусен медицински тим за интензивно лекување до Клиниката во Виена, рече директорот Костов.

На историскиот лет присуствуваа дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за воздухопловни единици при МВР Ненад Алексовски.

-Упатувам честитки до нашите тимови за темелната подготовка и соработка помеѓу МВР и медицинскиот персонал од Градската Општа болница „8-ми Септември”, со што уште еднаш потврдуваме и ги засилуваме нашите капацитети како држава за брза реакција во итни медицински случаи. Дозволете во оваа прилика да изразам благодарност до сите учесници во овој успешен проект, особено до Владата на Република Словенија и словенечкото министерство за внатрешни работи кои во духот на нашето пријателство пред неколку месеци обезбедија дел од оваа значајна медицинска опрема, изјави Бојмацалиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе