Вести Култура Македонија

Синдикатот на Филхармонија обвинува дека в.д. директорот Лазаровски применува закани и мобинг во работењето

Синдикалната организација на Филхармонија реагира на, како што велат, заканите и мобингот од в.д. директорот Лазаровски на кои се изложени со неговото назначување на функцијата, лани во септември. Од Синдикатот велат дека Лазаровски ги деградирал вработените , со што ги уривал темелите на установата. Ситуацијата кулминирала во петокот, кога директорот упаднал на состанокот на Синдикатот и покрај тоа што не смеел и одбил да замине и покрај укажувањето на синдикалниот лидер. 

Закани и мобинг. Ова се методите со кои управува в.д. директорот на Филхармонијата, Даниел Лазаровски, се жалат од Синдикатот на установата. Од таму велат дека од септември , кога Лазаровски беше назначен на функцијата, со постапките ги уривал темелите на установата , така што наместо да ги мотивира, ги деградирал вработените и ги уништувал  меѓучовечките односи. А, ситуацијата ескалирала со негов упад во петокот, на состанок на Синдикалната организација.

  • Директорот буквално упадна на состанокот и покрај укажувањата од страна на претседателот на синдикатот дека не смее да присуствува доколку не е поканет. Тој одби да си замине. Со своето присуство на состанокот, в.д. директорот на Филхармонија ги прекрши одредбите од законот – Синдикална организација на Филхармонија.

Од Синдикатот се повикуваат на членот 195 од Законот за работни односи, според кој работодавачите не смеат да вршат надзор врз основањето или делувањето на синдикатите.  А, според член 16 од Статутот на СКРМ, каде членува синдикалната организација на Филхармонија,  членувањето може да мирува ако членот се стекне со функциіа која е во судир со интересите на СКРМ, што е случај со в.д. директорот Лазаровски.

Во врска со упадот, тој вели дека се работи за прикривање на повредите од Статутот на Синдикатот, што ги направил синдикалниот претставник.

  • Дали и кога е одлучено од Синдикатот дека мене како член ми мирува членувањето , дали и на кој начин е утврдено дека постои судир на интереси и дали и на кој начин е известена благајната на установата, да не ми се одбива од плата за членувањето? – Даниел Лазаровски- в.д. директор на Филхармонија.

А, за заканите и мобингот Лазаровски вели дека се однесуваат на барањата вработените да се евидентираат на работа и да ги извршуваат задачите. Од Синдикатот на Филхармонија најавија дека за упадот ќе ги информираат надлежните институции и ќе поднесат соодветни пријави. Денеска на состанок на Синдикатот, една од точките е работата на Лазаровски, за што ќе известат утре. Се очекува и СКРМ, да заземе став.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе