Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Адеми во „Топ тема“ за расколот во АА: Недемократски е ова што се случува, ваквите работи секогаш завршуваат по судови

Прво, апсолутно е недемократски на ваков начин да се решаваат различностите за една партија која се повикува на европски вредности или барем има предзнак европски во делот на својата партија или во делот на коалицијата. Историјата покажува дека и по смирување на страстите и може да има нова коалиција меѓу тие што се закрвавени и членството останува закрвавено, вели аналитичарот Висар Адеми во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Нецивилизирано е во 2024 година да се решаваат вакви работи. Знам дека главен извор на приход на некои луѓе е политиканство и партијата ама ова не е добар начин. Ова ќе остане во меморијата кај луѓето дека така се решаваат или така треба да се решат проблемите што не е добра работа. Ако ги анализираме партиите, сите политички партии или нови претседатели кои што се издигнале како фракции од ПДП до сега, се издигнувале врз пепелта на уништување на постоечките претседатели. Така беше и со Невзат Халили кога го урна Тачи за може да се издигне како нов претседател. Од секогаш било „мојата банда против твојата банда“ и борба за печати“, изјави Адеми.

Таквите работи, според Адеми, секогаш завршуваат по судови.

„Ние викаме дека кармата е лоша работа. Секогаш се враќа и не е добро што на ваков начин се решаваат работите, а не институционално. Главната причина за случувањата во Алијанса на Албанците е таа 2022 година, кога решаваат да влезат во власта со СДСМ. Кога сите ние како аналитичари сметавме дека тоа не треба да се направи, бидејќи ако сакате да бидете за промени, можете да ги изгласате промените, но не треба да бидете дел од власта“, вели Адеми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе