Uncategorized Вести Економија Македонија Топ вести

Стратешко партнерство на Владата – ослободени од данок на добивка, за да градат централи

Ново стратешко партнерство под покровителство на Владата. Нови централи кои ќе се прават под услови кои ретко ги ужива домашниот бизнис. Меѓу бенефитите кои ќе ги добијат инвеститорите e и растеретувањето од одредени давачки.

АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ, е еден од стратешките инвестициски проекти  на државата.

Спред, предлог законот за реализација  на овој стратешки инвестициски проект, инвестирот треба да изгради една 150 мегаватна  фотоволтаична централа и 25 мегаватна електрана на гас, која може да се користи за итна потреба на енергија.  Двете фази се со можност за опционални батериски системи.

Ќе се реализира , на подрачјата на општините Петровец, Могила, Неготино, Илинден, Гевгелија и Кичево. Владата и стратешкиот инвеститор склучуваат договор за стратешки инвестиционен проект со времетраење од 30 години со можност за продолжување и раскинување според условите во договорот.

Соред документот, инвеститорот планира да инвестира 174 милиони евра. Во прва фаза околу 150 милиони евра,  во втората 25 милиони евра.

Според прелдог законот интересно е што стратешкиот инвеститор има загарантиран отку на електричната енергија. Ќе ја купува ЕСМ. Договорот ќе треба да се склучи три месеци по склучување на договорот за стратешки инвестиционен проект. Но, се отвара прашањето по која цена електрани ќе ја купи со оглед на тоа што за склучувањето на договор за откуп нема да се применува процесот на јавна набавка, нема да има тендер и избор на најниска цена. Стратешкиот инвеститор има право на изземање од плаќање на данок на добивка  во првите десет години, има право на изземање од плаќање на било какви постоечки или идни такси, даноци, еколошки такси , давачки за приклучок на мрежа и сите неопходни комунални услуги. Ако има спор помеѓу Владата и стратешкиот инвеститор или со некоја друга страна случајот наместо дома, ќе се решава со меѓународна арбитража.

Но, ова не е единствениот инвестициски стратешки проект. Тука е и предлог законот со кои се уредува реализацијата на Соларниот парк Стипион  во Штип и Свети Николе ,соларна електрична централа во Пехчево, но и  когенеративната  во Скопје која треба да ја гради грчки Митилинеос. Од предлог законите, може да се види дека условите за реализација се слични.

Според документот Митилинеос ќе добие државна помош од околу 50 милиони евра откуп на струја без јавни набавки. Универзитетскиот професор Туневски вели дека грчката компанија ќе добие и заработи многу на сметка на штетата која ќе ја претрпи државава.

-Значи ние ќе му дадеме на грчкиот стратешки инвеститор 50 милиони евра кеш плус 20 милион евра во плац и уредување на плацот тоа е едната голема невоља, вториот и најголем проблем е што ние му гарантираме откуп на енергија и топлина дали ни треба или не му гарантираме откуп  и тоа по загарантирани цени не по берзански туку по уште полоши цени од берзанските, вели универзитетскиот професор Атанаско Туневски.

Според Туневски не само со овој туку и со другите стратешки проекти штетите за земјава ќе бидат слични. Смета дека  вакви објекти наместо странци треба државата сама да гради. Предлог- законите за овие инвестициски проекти се веќе во собраниска процедура и наскоро треба да се стават на гласање.

-Да пробаме да го разберат пратениците ова, да знаат за што креваат два прста и да знаат  дека со тоа на грците ќе им поклониме преку милијарда евра. Само да знаат ако гласаат во среда ќе гласаат за поклон преку една милијадра евра во следните години што лесно се докажува, вели Туневски

Од владата пак уверуваат со стратешките инвестициски проекти  ќе се намали потребата од увоз на струја, ќе се обезбеди стабилна цена, ќе се зголеми производството од обновливи извори, но и ќе се намали загадувањето на воздхот.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе