Вести Македонија Најважни

Кривични против 16 лица, се сомничат за шверц на дрога и убиства – МВР разби организирана криминална група во Грчец

Кривични пријави против 16 лица. Седум од нив се веќе уапсени од кои шест во денешната голема полициска акција на 20 локации во Скопје, село Грчец и на други места, едно лице е лишено од слобода во Шпанија, додека по останатите ќе биде распишана меѓународна потерница. Организираната криминална група се сомничи за инволвираност во набавки на кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства во периодот од декември во 2019 година до март во 2021 година.

Осомничените, како што нагласи Спасовски, имале конекции во јужноамериканските земји од каде организирале набавка и транспорт на повеќе од 500 килограми кокаин по морски пат до земјите на Европската Унија. Дел од количините требало да завршат и на нарко пазарот во Македонија. Од случајот, потенцира Спасовски, произлегоа многу докази, но утврдени се и лица од институции на државата кои пренесувале податоци и биле соработници во криминалните активности.

Групата носела одлуки и правела планови неспоредно или пред енкриптирани телефони со инсталирана апликација Скај. Од криминалните активности, истакна Спасовски, припадниците на групата се стекнале со значителни финансиски средства со кои биле градени луксузни куќи, се купувале недвижности и се граделе луксузни угостителски објекти кои се предмет на финансиска истрага со цел на нивна конфискација. При претресите се запленети голема сума на пари, луксузни автомобили и други вредни предмети.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

50 милиони финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе