Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Борците за работнички права го губат работничкиот дом- Ковачевски побара да им се врати зградата на синдикатите

Зградата на ССМ која е симбол на работниците повеке од 6 деценции со одлука на врховен суд преминува во сопственост на државата. Првиот синдикалец Слободан Трендафилов јавно побара потврда за ваквата одлука за која се сомневаат дека е донесена поради нивната борба за работничките права.

„Нападот на ССМ е напад на секој еден работник во државата. Обезглавувањето на ССМ или стапнувањето со чизма на вратот на лидерот на борбата на работниците нема да дозволиме да биде стапнување на функционерска чизма во Работничкиот дом. Нема да дозволиме Работничкиот дом кој постои повеќе од 70 години да стане функционерски или судски дом. Ќе се бориме против сите тие кои сакаат да земат од устата на работниците. Тоа што ние го правиме нема да запреме да го правиме. Не можете да дисциплинирате синдикати, можете само да ги разгневните“, вели Слободан Трендафилов ССМ.

Ова е војна помеѓу Врховен и ССМ тврди Трендафилов и во договор со останатите синдикалци побара оставка од претседателката на судот како и 5мината судии кои ја донеле пресудата.

„Повеќе од 15 судски пресуди, од кои шест само во последниот случај од 2005 година до денес, повеќе од 15 решенија на управни институции на управни органи, Судот преиначува, поништува и кажува дека поради претпоставка дека синдикатите во тој систем не можеле да располагаат со толкави средства, поради претпоставка дека одлуката е повисока од Уставот на државата и во тој систем и денеска, и поради тоа што денешните судии кои претседавале со советот во Врховниот суд кои тогаш не биле родени или биле во пелени, одлучуваат на каков начин одлучувале тогашните органи на таа држава во која Македонија била дел“, вели Слободан Трендафилов ССМ.

Премиерот вели дека не сака да ја коментира пресудата на Врховен и кажа свој став.

 Правната битка за зградата од 13 ката на атрактивна локација во срцето на Скопје се води веке 2 децении, а одлуката на Врховниот суд од 9 ноември е пресврт со кој се забетонира  промена на сопственоста. Телма ја прочита пресуда на Врховен според која  по повеќе од 6 децении објектот од 8684 м2  со земјиште стануваат сопственост на Македонија, и во катастарскта евиденција треба да се промемни  од ССМ на државата .

Граѓански суд и апелација претходно одлучиле во корист на ССМ. Утврдиле дека сидикатот го изградил објектот со сопствени средства но  Врховниот суд оценил дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право.

„Правниот претходник на тужениот, истите ги изградил и стекнал во поголем дел со средствата добиени од тужителот како правен следбеник на тогашната НР Македонија, а не со сопствени средства, со оглед дека истите во периодот на изградба на објектот, со својот правен субјективитет немал ниту можел да има сопствени средства“, се вели во пресуда на Врховен суд.

Токму овој дел се издвојува и во соопштението од врховен од каде истакнуваат и дека  претседателката не учествува во одлучувањето по предметите, ниту пак, има надлежност и овластување да влијае во донесувањето на одлуките. Петмината судии кои пресудиле се  Шпенд Деваја, Јелица Крстевска, Наке Георгиев, Анита Бошковска и Исамедин Лимани .

Од државното правобранителство кое е како застапник на државата во судската постапка во одговор за Телма велат дека сè уште не примиле одлука од врховниот суд и затоа не можат да дадат повеќе информации за овој судски спор.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

(Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени

Дејан Дејан

Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе