Вести Економија

Тутунопроизводителите незадоволни од откупната цена

Полупразни се откупните пунктови за тутун во Општина Карбинци. Тутунарите од Плачковичкиот регион низ годините наназад во овој период од годината чекаа ред да го предадат тутунот. Од откупните пунктови велат дека во текот на денот доаѓаат по неколку земјоделци и тутунот веднаш се откупува.

Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа на земјоделци вели дека годинава е поразителна ако се земат во предвид количините на тутун и цената по која се откупува.

Лани неквалитетен тутун се откупуваше по цена од 300 денари, годинава ова е цената за екстра квалитетен тутун. Каракашев истакна дека ова е една од главните причини поради кои откупните пунктови се празни.

Според него ако не се преземат мерки, може да се очекува дека производството на тутун во државата драстично ќе биде намалено.

Тутунопроизводителите очекуваат разумна цена за останатиот тутун кој треба да се предаде. Во Карбинци во едниот откупен пункт предвидени се 180 тони, а  досега се откупени половина, додека во вториот откупени се 80% од предвидвидената количина.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе